Милошевски: Апсолутно сме подготвени за сериозен предизвик – сениорско ЕП

Македонија е многу сериозна во обидот да стигне до организација на едно големо ракометно натпреварување во следните неколку години, откако раководството на РФМ искажа интерес за машките и женските европски првенства во 2022 и во 2024 година. ЕХФ вчера објави дека нашата земја е единствената што досега се заинтересира за да биде домаќин на ЕП 2022 за жени, воедно покажа интерес и за останатите континентални ракометни собири, а генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, потврди дека македонската куќа на ракометот е сериозно заинтересирана за уште поголеми предизвици -како организација на едно сениорско европско првенство.

Во делот на организација на големи спортски ивенти, Ракометната федерација на Македонија последниве години направи навистина солидно портфолио. Со максимална посветеност и професионална операционализација на ресурси, успеавме да поставиме нови стандарди на спортски менаџмент во Македонија. Врвните признанија од светската и европската ракометна куќа, како и вбројувањето на земјава помеѓу 15-те земји во Европа што во историјата на ракометот го добиле престижниот епитет „ТОП организатор на европски натпреварувања“, ни дадоа ветер во грб да посегнеме кон нови предизвици и да ја зацврстиме репутацијата на нашата федерација која со години стратегиски ја градиме. Овие достигнувања ми даваат за право да истакнам дека апсолутно подготвени за сериозни предизвици, поднесовме 4 апликации за организација на европски првенства во машка и женска конкуренција. Свесни сме за гломазноста и бескомпромисната посветеност кои ги бараат овие настани, но и решителни дека низ улогата на добар домаќин, ќе го зголемиме квалитетот на базата на црвено-жолти амбасадори, кои достојно нé претставуваат во рамки на ракометниот свет“ – изјави Милошевски за ЕКИПА.

Се вчитува...