Милован Петровиќ потпиша за АЕЛ Лариса

Македонскиот фудбалски интернационалец Милован Петровиќ од Романија се пресели во грчкото првенство и потпиша двегодишен договор со прволигашот АЕЛ Лариса. 28-годишниот играч за врска минатата сезона беше дел од романскиот прволигаш Сепси, а претходно беше член на хрватскиот тим Осијек. Петровиќ шест години го носеше и дресот на Работнички.

За АЕЛ Лариса потпиша и Суад Сахити, исто така поранешен фудбалер на Работнички.

 

Се вчитува...