Македонскиот прволигаш Работнички го добива и седмото засилување во овој зимски преоден рок. Во клубот се враќа Милован Петровиќ, поранешниот македонски репрезентативец, кој во минатото го носеше дресот на „романтичарите“. Тој замина на печалба во Хрватска, Романија и во Грција, по што повторно се враќа во клубот од Дебар Маало.
Со Петровиќ, составот на Работнички добива на квалитет и на искуство во средниот ред. Потпиша едногодишен договор и денеска веќе го одржа првиот тренинг со тимот на Жикица Тасевски.
По доаѓањето на Милован Петровиќ, најверојатно Бесар Исени, кој заминува од Вардар, ќе се пресели во редовите на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА