Милвоки два месеци беше Џеј Краудер

Крилото на Милвоки бакс Џеј Краудер нема да може да им помогне на соиграчите некое време. Тој во саботата се повреди на средбата со Орландо и по деталните прегледи констатирана е повреда т.е напукнување на стомачниот мускул.

Милвоки објави дека се очекува Краудер да не може да игра во следните два месеци. Се очекува хируршката процедура да биде извршена во Филаделфија. Краудер беше едно од најпријатните изненадувања во првите девет натпревари од сезоната. Тој имаше просек од 8,1 поен, 3,9 скока и 53 проценти шут од поле, а беше трет по минути одиграни во тимот, зад Јанис Адетокумбо и Демијан Лилард.

 

Се вчитува...