Милвоки го „уништи“ Голден Стејт (ВИДЕО)

Милвоки Бакс стигна до лесна и убедлива победа против Голден Стејт Вориорс од 138-99 во вториот меч од денешниот НБА божиќен маратон.

Бакс уште на стартот покажаа дека се далеку поквалитетен противник и на полувреме заминаа со предност од 66-56. Вистинскио распад на Вориорс се случи во второто полувреме која Јанис и компанија уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до голем триумф од 138-99.

Крис Мидлтон со 31 поен беше прво име во победничкиот табор, Јанис уфрли скромни за него 15 поени. Кај поразените Кари заврши со 19, додека Џејмс Вајсман постигна 18 поени.

Се вчитува...