Милвоки „најбрз“ во историјата до НБА плеј-офот

Милвоки Бакс станаа тимот што најбрзо обезбедил место во плеј-офот во НБА историјата. Лидерот на Источната конференција и најдобар тим во лигата сезона сега се стреми да ги достигне Чикаго и Голден Стејт со една од најуспшените сезони воопшто. Милвоки досега има 48 победи и само осум порази.

Местото во разигрувањето, Милвоки го обезбеди само една недела по Ол-стар викендот, а дури два месеци пред почетокот на плеј-офот. Тимот од Висконсин е во плеј-офот иако не играше, но профитираше од победата на Чикаго над Вашингтон.

Милвоки сега ќе се обиде да ги достигне Чикаго од сезоната 1995-96 и Голден Стејт од сезоната 2015-16 и да дојде до 70 победи во сезоната. Главен виновник за овој успех на Милвоки дефинитивно е Јанис Антетокунпо кој во моментов има просек од 30 поени, 13,6 скока и 5,8 асистенции. „Бакс“ беа одличен и во минатата сезона, исто имаа речиси беспрекорен регуларен дел, но не стигнаа до финалето на Лигата бидејќи во конфернецискиот финале беа елиминирани од Торонто кој потоа ја освои и титулата.

Се вчитува...