Минамино заминува од Ливерпил со четири понуди на маса

Такуими Минамино во следната сезона нема да го носи дресот на Ливерпул, објави доброупатениот Фабрицио Романо. Јапонскиот репрезентативец кој го засили англискиот гигант во 2020 година не успеа да наметне во четата на Клоп, а во обид да се соберат повеќе финансиски средства дозволено му е да замине за 17 милиони евра.

За неговите услуги се заинтересирани три Премиерлигаши: Лидс, Саутемптон и Вулверхемптон и францускиот Монако. Предност во ангажманот имаат неговиот поранешен клуб Саумтептон, но и Лидс кој во моментот е предводен од неговиот поранешен тренер од германското првенство Џеси Марш.

Сега 27-годишникот кариерата ја започна во Осака, а првиот интернационален настап во имаше во дресот на Салцбург. За Ливерпул одигра 55 натпревари во кои забележа 14 гола и 3 асистенции, а се закити и со по еден трофејот во Премиерлигата, Лига Купот и ФА Купот.

Се вчитува...