Минас Османи и официјално именуван за нов тренер на Шкупи

Поранешниот истакнат македонски фудбалер, Минас Османи, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Шкупи.

Османи, кој долги години е посветен на клубот од Чаир, поранешен фудбалер на Шкупи и на Вардар, го наследува турскиот стратег Умит Шахин на клупата на чаирчани.

Османи денеска, откако претходно привремено ја извршуваше оваа функција, и официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб. Наредниве денови треба да бидат именувани и членовите на неговиот нов стручен штаб.

Шкупи сезонава го чека жестока битка за опстанок во прволигашкото друштво, која ќе биде исклучително тешка.

Се вчитува...