Минесота Тимбервулвс го отпушти тренерот

Екипата со најлош скор сезонава во НБА лигата, Минесота Тимбервулвс го отпушти тренерот Рајан Снајдер. Сандерс тимот го презема во мај 2019 година и со 33 години стана најмладиот тренер во историјата на лигата.

Иако имаше тригодишен договор со Тимбервулвс лошите резултати сезонава беа пресудни тој да ја напушти „франшизата“. Според американските медиуми негова замена ќе биде досегашниот помошник во Торонто Репторс, Крис Финч.

Финч досега не работел како главен тренер во НБА, а пред Торонто беше помошник и во Хјустон Рокетс, Денвер Нагетс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Се вчитува...