Минхен им посака добредојде на македонските ракометари (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација вчера пристигна во Минхен каде утре го почнува настапот на 26.Светско првенство што се одржува во Германија и во Данска.

Ракометарите денеска го имаат и првиот тренинг во Олимписката Арена по кој селекторот Раул Гонзалес ќе одреди со кои двајца од вкупните 18 ракометари утре ќе се преселат на трибините.

Во салата во која од утре почнуваат мундијалските битки, им беше посакано топло добредојде на македонските ракометари.

Македонија во првата фаза на СП ќе игра во групата Б со селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, јапонија и Бахреин. Настапот на СП, макеоднските ракометари го отвораат со утрешниот прв меч против селекцијата на Јапонија.

Се вчитува...