Минимален пораз на јуниорите од Швајцарија, утре против Косово за заверка на ЕП

Македонската јуниорска репрезентација до 18 години, денеска беше минимално поразена од Швајцарија со 25-26 (полувреме 10-15), со што Швајцарците се блиску до освојување на првото место во групата.

Македонија за да биде второпласирана и да се пласира на Европското првенство, ќе треба да го совлада аутсајдерот Косово, кој загуби убедливо и од Швајцарија и од Словачка.

Македонија мечот со Швајцарција го загуби во првиот дел, кога Швајцарците направија предност од пет гола. И покрај тоа што македонските ракометари се вратија и одиграа подобро во вториот дел, сепак, на крајот не успеаја да избегнат пораз.

Митев со шест гола беше најефикасен кај Македонија, додека Ристевски и Пецаноски дадоа по пет гола.

Се вчитува...