Минимален пораз за Елмас и Фенербахче во Лисабон, реми за Ајакс во Белгија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и одигра цел натпревар за Фенербахче во минималниот пораз на турскиот тим (1-0) на гостувањето во Лисабон против Бенфика, во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампиониоте. Португалскиот тим дојде до предност со голот на Франко Черви во 69.минута, а Елмас имаше квалитетен настап во средниот ред на Фенербахче.

Црвена Звезда ремизираше (1-1) на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград против Спартак Трнава. Победникот од овој дуел ќе оди на мегдан со победникот од двомечот меѓу Салцбург и Спартак Трнава. „Црвено-белите“ поведоа од пенал со голот на Бен во 23.минута, а две минути подоцна израмни Грендел.

Ајакс имаше водство од 0-2 на полувремето против Стандард, но на крајот си замина само со реми (2-2) од Белгија. Хунтелар и Тадиќ донесоа предност за холандскиот тим, а Стандард израмни преку Карсела – Гонзалес и Едмонд од пенал.

Славија Прага и Динамо Киев одиграа 1-1, идентично како и на дуелот Малме – Види, а Бате Борисов славеше на гости против Карабах со 0-1. Динамо Загреб оствари триумф (0-2) нна гости против Астана во Казахстан.

Се вчитува...