Министерство за финансии на Шпанија: Нема докази дека Барселона го поткупувала Негреира

Министерството за финансии на Шпанија излезе со свое соопштени по истрагата што ја спровело по повод скандалот во шпанскиот фудбал и тоа што Барселона го исплаќала потпретседателот на судиската комисија Хозе Марија Енрикез Негреира.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта остана на ставот дека клубот „никогаш не купувал судии“, и се чини дека може да се докаже дека е во право. Министерството за финансии изјави дека „нема никакви докази“ што би укажале дека парите што Барселона ги платила на Негреира биле за купување судии.

Барселона спроведува сопствена истрага за нивната перспектива за „случајот Негреира“ и се очекува да свикаат прес-конференција во наредните недели за да ја дадат својата верзија за настаните од ситуацијата.

 

Се вчитува...