Мино Раиола детонира вистинска „бомба“: Марио Балотели во црно – бело!

Супер – агентот Мино Раиола, преговара за сензационален трансфер на својот клиент Марио Балотели, во редовите на Јувентус. Италијанскиот напаѓач по крајот на оваа сезона ќе стане слободен играч и очекува да го напушти клубот од Ница, а според италијанските медиуми „Супер Марио“ е на прагот да заигра за клубот кој цел свој живот го мрази.

Балотели во кариерата ги носеше дресовите на двата милански гиганти и е познат по тоа што редовно го навредува клубот од Торино преку социјалните мрежи. Јасно е дека воопшто не го сака италијанскиот шампион, но неговиот агент се обидува да му изнуди петгодишен договор од „старата дама“. Тоа би било вистинска „бомба“, бидејќи Балотели за фановите на Јуве е „персона нон грата“ и ќе биде интересно да се види реакцијата на навивачите на клубот.

со оглед на формата која ја има Балотели, Јуве од следната сезона ќе има застрашувачки напаѓачки опции – Игуаин, Дибала, Манџукиќ и Балотели.

Раиола исто така сака да добие гарант дека неговиот клиент нема да биде во втор план кај Алегри и да седи на клупа бидејќи Игуаин е прв избор, туку да има значителна улога во првиот тим.

27-годишниот Италијанец сезонава игра извонредно во француското првенство. За Ница досега забележа 17 погодоци (вкупно 31 за две сезони), па смета дека ја врати неговата голгетерска форма и се надева дека од на лето ќе заигра за поголем клуб.

Се вчитува...