„Минус два“ на полувреме: Добар почеток, па длабок сон на ракометарите

Македонската ракометна репрезентација има негатива од два гола (13-11) по првото полувреме од гостувањето во Турција, меч на кој победа им е неопходна на нашите ракометари ако сакаат да се задржат на врвот на квалификациската група.

Вообичаено, Македонија покажа игра со сериозни осцилации, одлично стартуваше, но потоа дојде до сериозен пад што домашниот состав знаеше како да го искористи. Беспрекорната одбрана во првите десетина минути ни овозможи да поведе со 3-7, резултат при кој турскиот селектор побара тајмаут. Неговите совети вродија со плод, нашата предност почна да се топи, а ниту по тајмаутот на Брестовац работите не тргнаа на подобро за Македонија.

Бековската линија на домаќинот погоди бројни шутеви и донесе пресврт, реализирајќи под опасност на пасивен напад во последните неколку минути, за Турција на одмор да замине со предност од два гола.

Квалитетот мора да се покаже на терен, и тоа во текот на сите 60 минути доколку се сака да се стигне до позитивен резултат.

Се вчитува...