Минути до трансферот: ЕНИС БАРДИ на медицински прегледи па на потпис со Трабзонспор!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска и официјално завршува со шпански Леванте.

Според најавите од Турција, Барди денеска треба да пристигне во Трабзон каде го очекуваат финалните медицински прегледи по што ќе следи официјализирање на потписот со турскиот шампион Трабзонспор.

Меѓу неколку понуди ова лето за продолжување на кариерата, од кои далеку најдобра беше онаа на грчки Олимпијакос, сепак 27-годишниот Барди се одлучи за Трабзонсспор поради настапите во Лигата на шампионите, но и сериозноста на понудата која дојде од еден од најдобрите турски клубови.

Македонскиот фудбалер во Трабзонспор се сели за сума од три милиони евра, плус дополнителни бонуси за Леванте, а се очекува да потпише тригодишен договор со годишна плата од еден милион евра.

Трабзонспор го посакувал Барди уште од минатата сезона, но тогаш Леванте барал 10 милион евра што не било прифатливо за Турците. Сега конечно следи договор и трансфер на еден од најдобрите македонски фудбалери во турскиот шампион.

Се вчитува...