Миовски: Без притисок против Италија кон ново изненадување!

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2024.

Избраниците на Боби Милевски најпрво се насочуваат кон пресметката со европскиот шампион Италија на 17. ноември во Рим, посакувајќи ново квалитетно издание против „небесносините“ и повторување на дуелите од Палермо и од Скопје.

„Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации. Мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок, а имаме одлични резултати со Италија на последните натпревари. Тоа ни е мотив и за дуелот во Рим“ – вели Миовски, притоа дополнувајќи:

„Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме“.

Се вчитува...