ВИДЕО: Миовски двоен стрелец во победата на МТК против Ујпешт

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна два гола и запиша асистенција во победата од 0-4 на МТК против Ујпешт во 8. коло од унгарскиот шампионат.

Првиот гол Миовски го постигна во 18. минута за водство од 0-3 на неговата екипа, а вториот во 93. минута за конечни 0-4. Македонскиот фудбалер досега има четири погодоци во дресот на МТК сезонава.

Во составот на Ујпешт го немаше репрезентативецот Кире Ристевски кој е позитивен на Ковид-19, како и повеќе од половина тим на Ујпешт. Ристевски е неизвесен за настапот на македонската селекција на историскиот натпревар против Грузија за пласман на ЕП на 12. ноември во Тбилиси.

Се вчитува...