Бојан Миовски продолжи со одличните настапи во дресот на Абердин и на почетокот од оваа сезона, во која македонскиот ас веќе има постигнато девет погодоци, четири од нив во европските купови.
Миовски летово беше желба на неколку клубови ширум Европа, но негова желба беше да остане во Абердин уште најмалку една сезона. Тоа се покажа како правилен избор, вредноста на нашиот голгетер на пазарот продолжува да расте, а според шкотскиот фудбалски аналитичар, Тем Макманус, лесно може да се случи Миовски кариерата да ја продолжи во еден од двата најголеми шкотски клуба, Селтик или Глазгов Ренџерс.
„Кога го гледате Бојан Миовски како игра… тој е навистина добар играч.. навистина добар голгетер. Селтик или Ренџерс, воопшто не се сомневам дека е стигнат до тоа ниво, знам дека ако отиде во еден од овие два клуба, веднаш ќе покаже дека е доволно добар за нив и ќе продолжи да дава голови како и за Абердин. Не се обидувам да го продадам Бојан, немам ништо со тоа, но мислам дека кога си толку добар во тим како Абердин кој тешко креира шанси, допрва ќе блеснеш во екипа што ќе игра офанзивно, минувајќи голем дел од времето пред противничкиот шеснаесетник. Тој постигнува голови од најразлични позиции, се снаоѓа добро во шеснаесетникот, знае и да втрча од позадина, интелигентен е, знае кога да ги проигра соиграчите… навистина комплетен фудбалер“, изјави Мекманус за Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА