Миовски е последната „сламка за спас“ на сезоната на МТК

Бојан Миовски уште еднаш покажа дека и покрај тоа што не е миленик на тренерот, е еден од најдобрите фудбалери на унгарскиот МТК Будимпешта. Клубот од главниот град на Унгарија во претпоследното коло стигна до голема победа во битката за опстанок откако славеше на гостувањето кај шампионот Ференцварош со 0-3.

Бојан Миовски доби шанса во 58. минута, а само две минути подоцна гостите стигнаа до шокатно водство од 0-1 преку Футаш, токму на асистенција на нашиот фудбалер. На 0-2 зголеми токму нашиот репрезентативец во 84. минута, додека конечните 0-3 ги постави Футаш со својот втор гол во 92. минута и повторно на асистенција на Миовски.

Вториот Македонец во МТК, Стефан Спировски доби шанса во 71. минута.

 

 

Се вчитува...