Миовски е „ѕвер“ во Шкотска – два гола за едно полувреме на Македонецот

Бојан Миовски веќе во второто коло го има и својот прв блесок во шкотската Премиер-лига, откако македонскиот ас го предводи Абердин до триумф на дуелот со Сент Мирен.

По првото полувреме резултатот гласи 3-0 за Абердин, а во главна улога е токму нашиот репрезентативец, кој ги постигна првите два гола за домашната екипа.

Првиот беше постигнат од пенал, откако еден гостински играч играше со рака, а Миовски биеше незапирливо од белата точка. Само десетина минути подоцна нашиот ас одлично се снајде натрчувајќи на една топка и сметувајќи ја од непосредна близина во мрежата.

Без сомнеж, Миовски се покажува како суперзасилување за Абердин во новата сезона.

Се вчитува...