Македонија синоќа обезбеди нова убедлива победа, а овој пат беше совладана репрезентацијата на Исланд со 3-1, резултат кој ја доближи нашата селекција на уште еден чекор до остварување на сонот за настап на СП во Катар.
Младиот фудбалер, Бојан Миовски исткана дека е среќен што го носи дресот на Македонија, особено во моменти кога се испишува една нова и успешна историја во македонскиот фудбал.
„Чест и гордост е да се биде дел од оваа репрезентација, навистина е прекрасно чувство. Поддршката на публиката го направи своето, а ние возвративме на најдобар можен начин, благодарност до сите присутни на трибините. Мило ми е што сум дел од овој историски успех, среќен сум што и во големата победа над Исланд запишав асистенција и учествував во акцијата за третиот гол. Се гледаме на баражот, следуваат нови предизвици за оваа селекција и сигурен сум дека не застануваме тука“ – ни изјави Миовски по синоќешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА