Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски и неговиот Ренџерс продолжуваат со лошите партии, откако денеска беа поразени од најголемиот ривал Селтик по продолженија со 3-1 во полуфиналето на шкотскиот Лига куп.
Селтик поведе со 1-0 со голот на Кени во 25. минута, a до крајот на првиот дел Ренџерс остана и со фудбалер помалку откако директен црвен картон доби Асгард во 36. минута. Македонскиот интернационалец натпреварот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 71. минута и само десет минути подоцна се најде во ситуација по која фудбалерот на Селтик Ралстон откако беше во дуел со него играше со рака во својот шеснаесетник по што беше досуден пенал кој успешно го реализираше Таверние за 1-1.
Селтик до ново водство од 2-1 стигна во продолженијата откако Мекгрегор прецизно стрелаше во 93. минута. Конечните 3-1 ги постави Османд во 109. минута.
Celtic 1-[1] Rangers – James Tavernier penalty 81' (Scottish League Cup)
byu/4gjdtokurwa insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

