Миовски и Спировски со ВАР-гол во судиското продолжение подобри од Серафимов (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Бојан Миовски и Стефан Спировски се уште остануваат со надежи за опстанок на својот МТК во унгарскиот шампионат откако во 30. коло славеа со 2-3 на гостувањето против Залаегерцег на Никола Серафимов.

МТК до триумфот дојде со гол во судиското продолжение кој беше под знак прашалник, и ВАР-набљудување, поради евентуален офсајд во акцијата во која беше и Бојан Миовски.

Но, по ВАР-консултацијата главниот судија оправдано покажа дека нема офсајд позиција ниту од Миовски ниту од стрелецот на голот Грозав кој донесе 2-3.

Миовски ги одигра последните 30 минути за својот тим, Спировски остана на клупата за резервни фудбалери кај МТК, а Серафимов го одигра целиот натпревар за Залаегерцег.

Се вчитува...