Миовски на „радарот” на Аталанта и Фрајбург, МТК одбил понуда од 1 милион евра

По одличните настапи во есенскиот дел од сезоната и во тимот МТК и во репрезентацијата, Бојан Миовски се наоѓа во фокусот на вниманието на големите клубови низ Европа.

Според унгарските медиуми, неколку клубови во зима веќе пројавиле интерес да го ангажираат, а МТК веќе одбил една понуда од 1 милион евра. Засега не е откриено за кој тим станува збор, но јасно е дека МТК нема да го пушти Миовски за отштета под 2 милиони евра.

Според најновите информации, Миовски е на „радарот“ на неколку германски и италијански клубови, меѓу кои и Фрајбург и Аталанта. Исто така интерес постои и од Славија Прага.

Сезонава во Унгарија Миовски одигра 17 меча во кои девет пати стрелаше во противничката мрежа. Исто така го имаше и дебито за репрезентацијата, а сега го чека можен трансфер.

Се вчитува...