Миовски не му остана должен на Карагер: Бла, бла…

Англиската јавност ја мина ноќта жалејќи се на судиската одлука и пеналот за Македонија, а меѓу првите кои реaгираа беше Џејми Карагер, кој уште на полувремето од синоќешниот натпревар го критикуваше судискиот критериум.

„Бизарни се овие ВАР пенали што се судат во Европа. Уште побизарно е што не го досудија оној од Мегваер“, напиша Карагер на својот твитер-профил.

Денеска поранешниот англиски дефанзивец доби одговор од Македонија, и тоа од Бојан Миовски, кој беше фаулиран од страна на Рико Луис при пеналот во Македонија.

„Бла, бла, бла“, кратко одговори Миовски, јасно порачувајќи им на Англичаните дека поплаките ништо не им вредат, а Македонија стигна до уште еден одличен резултат против ривал од самиот врв на европскиот фудбал.

Се вчитува...