Миовски ограбен за победнички гол, Ворнок бесен: Кој ги црташе овие линии во ВАР? (фото)

Бојан Миовски требаше повторно да биде херој на Абердин откако неговиот тим се врати од 0-3 и стигна до 3-3, а Македонецот се снајде одлично и постигна погодок за водство на својот тим од 4-3.

Помошниот судија го поништи голот поради офсајд, од повторената снимка се чинеше дека Миовски е во дозволена позиција и голот сигурно ќе биде признаен, но сите останаа шокирани откако беа нацртани линиите во ВАР собата кои покажаа минимален офсајд од нашиот интернационалец.

Тренерот на Абердин, Нил Ворнок, по мечот отворено говореше за незадоволството по оваа одлука во ВАР-собата.

„Ги видов линиите и не можам да раберам кој ги нацрта. Не можете да ме убедите дека она беше офсајд, голот на Миовски беше апсолутно регуларен“, бесен беше Ворнок.

Се вчитува...