Миовски по подолга пауза стрела за Абердин

Бојан Миовски се врати во Абердин по репрезентативната пауза, и веднаш постигна гол. Тој донесе водство на неговиот тим во дуелот со Рос Каунти во натпревар од 31. коло во Шкотската премиерлига.

За Миовски ова беше гол број 14 во шкотското елитно првенство, или 23-ти во сите натпреварувања.

Ова беше гол за македонскиот репрезентативец после седум меча пауза во шкотскиот шампионат во кој немаше постигнато погодок. Последен пат погоди против Глазгов Ренџерс на почетокот на февруари.

Се вчитува...