Напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски би можел следната сезона да игра фудбал во Лигата на шампионите, затоа што во трката за неговиот потпис се вклучила и Болоња.
24-годишниот фудбалер успеа да постигне 26 гола во сите натпреварувања сезонава, вклучувајќи ги головите во Лигата на Конференции и во Купот.
Според „Дејли Мејл“, Болоња бара замена за Џошуа Зиркзе кој е пред заминување од клубот, а токму една од нив е Миовски. Исто така има интерес и од Саутемптон, кој се пласираше во Премиерлигата.
Според најавите, сумата која што Абердин ќе ја бара е 6 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА