Бојан Миовски на штаки мораше да го напушти стадионот во Абердин по тешката повреда на скочнио зглоб што македонскиот голгетер ја заработи во првото полувреме од мечот со Сент Мирен.
Тој преку својот фејсбук профил потврди дека за среќа не станува збор за скршеница на зглобот, најавувајќи дека во следната сезона уште посилен ќе се врати на фудбалските терени.
„За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот а добрата вест е дека нема скршеница, утре ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен“, порача Бојан Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА