Миовски повторно „дрма“ во Шкотска: Нови два гола во само едно полувреме за Абердин (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски веднаш по завршувањето со репрезентативните активности, повторно дрма во шампионатот на Шкотска со нови два гола по само едно полувреме на дуелот за Абердин.

Во 9. коло од шкотската Премиерлига, Абердин има водство од 3-1 против Килмарнок.

Миовски најпрво во 24. минута се избори за пенал, а потоа и самиот беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за водство од 2-0 во тие моменти за Абердин.

Откако гостите успеаја да постигнат погодок, потоа повторно Миовски со својот втор гол во 45. минута донесе 3-1 за својот тим. Бојан Миовски, со најновите два погодоци, има вкупно седум гола досега во првенството во Шкотска.


Се вчитува...