Миовски: Сакаме шест бода од последните два дуели во квалификациите

Офанзивецот на унгарски МТК, Бојан Миовски полека го наоѓа своето стандардно место во македонската репрезентација.

Миовски е оптимистички расположен пред последните два квалификациски дуели против Ерменија во Ереван и против Исланд во Скопје, верувајќи дека може да се дојде до шест бода.

„Не очекуваат два важни натпревари во финишот на квалификациите. Сакаме да дојдеме до шест бода од овие два меча, па потоа да очекуваме разврската на другите натпревари во надеж и за второто место“ – вели Миовски.

Задачата е отежната поради бројните проблеми со повреди, пред се во средниот ред каде ќе недостасуваат Аријан Адеми, Бобан Николов и Ердал Ракип. Во нападот, пак, ќе го нема Адис Јаховиќ.

„Повредите се дел од фудбалот. Ќе недостасуваат многу Адеми, Николов, Ракип, Јаховиќ…, но сите кои се тука верувам дека се повеќе од подготвени да го дадат максимумот за да ги исполниме задачите од селекторот и да успееме со шест бода да дојдеме и до бараж“ – истакнува Миовски.

Се вчитува...