Миовски се врати на головите, од пенал донесе водство за Абердин (ВИДЕО)

Бојан Миовски продолжува да „решета“ во шкотското првенство, откако вечерва постигна гол за Абердин во дуелот со Данди. Од пенал погоди македонскиот репрезентативец за предност на својот тим.

Миовски после серија од три натпревари со постигнат гол, на минатиот меч против Сент Џонсон не се запиша во листата на стрелците. Постигна убав гол, но истиот му беше поништен по преглед на ВАР снимката.

За Миовски ова беше 11-ти гол во најдоброто шкотско првенство.

Се вчитува...