Миовски со два гола и асистенција сам го победи Шахтјор Доњецк

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со извонредните игри во дресот на унгарски МТК и за време на подготовките на тимот во Анталија.

На пријателскиот натпревар против украински Шахтјор Доњецк, МТК славеше со убедливи 3-0 а Миовски беше стрелец на два погодоци за Унгарците, и асистираше за еден погодок.

Македонскиот напаѓач најпрво погоди за 1-0 во 11. минута, потоа одлично му асистираше на Микночки во 24. минута за 2-0, а со уште еден погодок во 82. минута ги постави конечните 2-0.

Претходно, Миовски на првиот тест-дуел за МТК беше стрелец и во победата од 5-1 против велешки Борец.

Се вчитува...