Миовски со нов гол му донесе победа на Абердин

Бојан Миовски одново е херојот на Абердин. Со голот број 15 во шкотското првенство, му донесе победа на својот тим над Сент Џонсон.

Миовски беше прецизен од белата точка во 68. минута од средбата, со тоа неговиот тим освои важни три бода во плеј-аутот на шкотскиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути до средбата.

Во Шкотска за Мадервил во последните пет минути играше и Давор Здравковски. Неговиот тим оствари триумф од 4-1 над Ливингстон.

Се вчитува...