Миовски стрелец и асистент за МТК за пресврт-победа над Ујпешт (ВИДЕО)

Бојан Миовски, кој доби прв повик од новиот македонски селектор Боби Милевски за настап во сениорската репрезентација во септемвриските квалификации за СП 2022, запиша нов погодок во унгарскиот шампионат.

МТК дојде до триумф од 1-2 со пресврт на гостувањето против Ујпешт во 4. коло од шампионатот на Унгарија благодарение на одличната игра на Миовски кој во 72. минута од средбата постигна гол за израмнување на резултатот во тие моменти, а во 92. минута асистираше на Ванча за конечна победа од 1-2.

 


Ова е втор гол за Миовски сезонава во првенството во дресот на МТК Будимпешта.

Ујпешт на денешниот дуел претходно поведе со погодокот на интернационалецот од Брегот на слоновата коска, Тало во 66. минута.

Се вчитува...