Прекрасен гол на Миовски во поразот на МТК… (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски беше стрелец на единствениот гол на МТК во поразот од Будафоки во натпревар од шестото коло од унгарската лига. Гостите поведоа преку Скрибек уште во 3. минута од мечот.

Миовски во 73. успеа да донесе изедначување, но тоа не беше доволно ниту за бод за домашниот тим бидејќи гостите со голот на Ихриг Фаркаш во 89. минута освоија полн плен од овој меч. За Миовски ова беше деби погодок во вториот меч во унгарскиот шампионат.

Се вчитува...