Миовски стрелец, Ренџерс се спаси со сомнителен ВАР-пенал во 94. минута (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски повторно беше најдобар играч за својот Абердин, овојпат во ремито на домашен терен против Ренџерс (1-1) во меч од 14. коло во шкотскиот шампионат.

Како и многу пати досега сезонава токму македонскиот интернационалец беше стрелец на голот за тим и тоа во 11. минута кога  во стил на расен стрелец го постигна голот за водстсво. Миовски во 80. минута го напушти теренот.

Неговите соиграчи не успеаја да се одбранат, а гостите израмнија на 1-1 во 94. минута преку Таверние кој стрелаше од пенал по еден крајно сомнително досуден удар од белата точка за гостите по реакција на ВАР судијата.

Aberdeen [1] – 0 Rangers – Bojan Miovski 11′
byu/Previous-Success8007 insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...