Миовски стрелец за МТК во поразот од Пакс

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец за МТК Будимпешта во поразот од 3-2 на гостувањето кај Пакс. Миовски откако доби шанса во вториот дел прво му беше поништен гол во 61. минута, веднаш потоа изнуди пенал за гостите кои намалија на 3-1, за да во 76. минута се запиша и самиот во листата на стрелците.

Сепак и неговата одлична партија не беше доволна за да успее да го врати својот тим од негатива од 3-0.

 

 

 

Се вчитува...