Миовски влезе и асистираше за триумф на Глазгов Ренџерс

Глазгов Ренџерс дојде до победа над Ливингстон во шкотската Премиерлига, благодарение на Бојан Миовски. Македонецот влезе во вториот дел, и беше асистент на победничкиот гол на домашните.

После првиот дел беше 1-1, а потоа во игра влезе Миовски. Во 78. минута додаде до Диоманде кој погоди во голот за 2-1, и конечен триумф на Глазгов, со кој тимот ја продолжува трката за титула, иако сега заостанува девет бодови зад првопласираниот тим на Хартс.

Ренџерс после 12 кола има пет победи, шест ремија и само еден пораз. Тимот е во серија од четири победи по ред.

Се вчитува...