Тензиите во кошаркарскиот клуб на Барселона се смирија откако играчите го прифатија предлогот на управата на клубот – во периодот на паузата да имаат 70% пониска плата од онаа што им е пропишана во договорите. Шпанските медиуми тврдеа дека кошаркарите ги одбиле предлозите на претседателот Бартомеу, се пишуваше и дека ако не биде најден заеднички јазик може да дојде до згаснување на кошаркарската и ракометната секција од ова големо спортско друштво, но за среќа тоа нема да се случи.
Пресуден беше ставот на Никола Миротиќ, кошаркарот кој е убедливо најплатен во Барселона. Тој денеска демантираше дека станува збор за притисок од управата, тврдејќи дека намалувањето на платата е негова одлука за помош на клубот. Големиот ас го поддржаа и останатите кошаркари на Барса, кои ќе земаат само 30% од предвидените плати за време на паузата.
Пред управата на Барса сега е уште поголем предизвик, да се убедат фудбалерите на сличен чекор. Клучно ќе биде „зелено светло“ да даде Лионел Меси, кој е лидер на фудбалерите како што е тоа случај со Миротиќ кај кошаркарите. Сепак, Аргентинецот ја одби првата понуда на Бартомеу, па интересно ќе биде да се види дали Меси ќе ги прифати понудените услови, бидејќи ако тој повлече нога за очекување е и останатите да го следат неговиот пример.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА