Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели, објави дека ставот на раководството на „росонерите“ е едногласен – Џенаро Гатузо да остане шеф на стручниот штаб и за наредната натпреварувачка сезона. Гатузо дојде среде сезона од младинскиот тим на Милан и го воскресна заспаниот гигант, според актуелниот договор е убедливо најслабо платен тренер во Италија со месечна плата од 10.000 евра, но Мирабели е убеден дека експресно ќе биде пронајден заеднички јазик за продолжување на соработката.
„За нас нема дилема – Гатузо ќе остане во Милан уште долги години. За неколку дена ќе ги почнеме разговорите за нов договор, очекувам да нема проблемми и експресно да се договориме. Ние немаме намера да бараме нов стратег бидејќи го имаме најдобриот тренер за Милан“ – изјави Мирабели за „Газета дело спорт“.
Во меѓувреме спортскиот директор на „росонерите“ води преговори за засилување на играчкиот кадар, што не е нималку лесно ако се знае дека Милан има сериозни проблеми со нарушување на финансискиот фер-плеј.
Тој „минус“ би требало да биде покриен со продажбата на Донарума, откако Милан во меѓувреме го доведе Пепе Реина без никаква отштета како слободен играч од Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА