Мираковски: Играчите ја сфатија сериозноста

По дебаклот на првиот натпревар тимот на Работнички ја запишиа историската победа во АБА2 Лигата со триумф над Подгорица. Избраниците на Димитар Мираковски одиграа перфектно прво полувреме на двата дела од теренот. Одбраната ја запре транзицијата на младиот состав, додека одличниот шут постојано ја полнеше противничката мрежа со што од минута во минута се зголемуваше предноста. Сепак под сенка останува лошото второ полувреме во агресивната одбрана по цел терен создаде сериозни проблеми и во кое Работнички дозволи враќање на Црногорците на негатива од само еден напад.

„Како што кажав пред некој ден против Студентски Центар бевме преизморени. Меѓутоа кога екипата е малку посвежа изгледаме поинаку. Имавме одлично шутерско прво полувреме кое не ме изненади, ние имаме екипа со баш добри шутери. Играчите ја сфатија сериозноста и дека по првиот натпревар треба да дадеме се од себе за да победиме. Во второто полувреме имавме падови што е и нормално против млада екипа која игра зонски пресинг кој изморува, но на крај се добро се заврши“ – изјави по натпреварот Димитар Мираковски

Пред Работнички е нов дуел веќе во сабота, овој пат против составот на Цетиње, кој по победата во првиот натпревар, вчера загуби со двоцифрена негатива.

„Нема многу време за одмор, секоја минута и секој час е драгоцен. Кредитот го потрошивме на првиот натпревар, сега ни останува да одмориме и да одиграме повторно во сабота“ – додаде тренерот на Работнички

Се вчитува...