Мираковски: Играчите како предвреме да се предадоа…

Стратегот на Работнички, Димитар Мираковски, не го криеше разочарувањето по најновиот пораз во АБА2-лигата. „Центарци“ се вратија од „минус 22“ и стигнаа до „плус еден“, но на крајот сепак загубија од Борац Бања Лука.

Според Мираковски, покрај заморот и кратката клупа, клучен фактор за поразот е очајното прво полувреме во кое Работнички имаше дури 12 загубени топки.

„Како прво се соочувавме со проблеми, дојдовме со ротација од само седум кошаркари, но моја желба е да се даде најдоброто на секој натпревар. Играчите како прерано да се предадоа, не веруваа дека со седум играчи можат да победат. Седумнаесет минути се држевме, за во пследните три минути да направиме премногу грешки и да му дозволиме на противникот да се одлепи. Во второто полувреме заигравме подобро, за жал немавме сили за да ја задржиме минималната предност што ја создадовме за да стигнеме до победата. За жал, заморот го стори своето, се надевам дека и со ваков тим ќе играме уште подобро на следните натпревари“, истакна Мираковски по мечот.

Се вчитува...