Мираковски: Не смееме да се задоволиме со оваа победа, одиме понатаму…

Работнички стигна до третата победа во регионалната АБА2 лига откако славеше убедливо над Сутјеска со 84-62, во натпревар во кој „црвено-белите“ иницијативата ја превземаа од самиот старт на натпреварот и не ја доведоа победата во прашање до самиот крај.

По натпреварот тренерот на центарци, Димитар Мираковски не го криеше задоволството од прикажаното на неговиот состав, кој стигна до многу значајна победа со што остана во игра за место кое води во следната фаза на натпреварувањето.

„Воопшто не беше лесен натпреварот. На овој турнир се изедначени сите екипи и нема лесен противник. Честитки за моите играчи за овој меч, не беше проблем поразот од МЗТ, колку што беше проблемот во пристапот на натпреварот. Денеска сите се залагаа, добро ги прифатија критиките по натпреварот со МЗТ и дадоа одговор каков што треба. Имавме добра агресивност и добра одбрана. Да сведеш екипа како Сутјеска на 62 поени, а пред некој ден дадоа 94 со Студентски Центар, значи дека моите играчи се стварло за пофалба. Не смееме да се задоволиме со ова, направивме добар тим и мораме да продолжиме понатаму и во недела да победиме. Заостануваме поради тритте порази зошто не отпатувавме за Бања Лука, но до крајот ќе се бориме за да фатиме приклучок во горниот дел од табелата“ – изјави Мираковски по натпреварот.

 

Се вчитува...