Мираковски: Немавме енергија да бидеме на посакуваното ниво во нападот

Работнички ќе почека за првата титула под водство на Димитар Мираковски откако во финалето од Купот на Македонија, „црвено-белите“ беа поразени од МЗТ Скопје со 77-69. Нашиот најтрофеен клуб лошо го започна натпреварот, па постојано бркаше негатива, а и покрај тоа што во неколку наврати беше блиску до враќање на мечот, не успеа во своите обиди.

По натпреварот тренерот на центарци даде осверт на денешниот меч во кој проблемот го најде во личните грешки на своите клучни играчи.

„Се виде тоа што игравме два тешки меча во два дена, клучните играчи немаа енергија за да се претстават во посакуваното ниво. Дефанзивно немам што да им замерам, офанзивно не можевме да се пронајдеме. Имавме големи проблеми со личните грешки, секогаш кога ќе се приклучевме имавме нов проблем со прекршоците и тоа придонесе да не се вратиме целосно резултатски. Како и да е, немаме време да жалиме, веќе од среда почнуваме со плејофот да се обидеме да стигнеме до титулата“, изјави Димитар Мираковски.

Се вчитува...