Мираковски: Необјасниво незалагање, сме имале и трипати послаба екипа па сме го добивале МЗТ

Работнчки падна дури на шестата позиција на табелата во домашниот кошаркарски шампионат, по поразот во дербито со МЗТ Скопје Аеродром што всушност ја продлабочи серијата неуспеси на три врзани во серија. Тренерот Димитар Мираковски вели дека сепак и поркај тоа што сите фактори се на страна на противникот во мометов, ваквиот висок пораз е недозволив за неговиот тим.

„Не боли од поразот од ФМП колку што боли овој пораз денес. Квалитетот и формата е на страна на МЗТ, но не можам да го разберам незалагањето на играчите. Сме имале и три пати послаба екипа, па сме добивале натпревари со МЗТ. Можно е да има промени и некои засилувања, ќе одлучиме од утре што ќе правиме“ – вели Мираковски.

Се вчитува...