Мираковски: Ова ми беше најголемата желба, Работнички пак да биде шампион!

Работнички по девет години е повторно кошаркарски шампион на Македонија, а пехарот од легендата Лазар Лечиќ го прими капитенот Димитар Мираковски. Тој поради повреда не играше во најголемиот дел од финалната серија, но беше маестрален во претходниот дел од шампионатот. Имаше и емотивно излагање откако го крена победничкиот трофеј, за првпат во неговата кариера.

„После две тешки повреди и многу неизвесни моменти во кариерата, ова дефинитивно е најубавиот сегмент. И не толку за себе лично, туку за Работнички. Во миговите кога ми беше најтешко, си велев дека ќе продолжам и дека еден ден ќе ја вратиме титулата во Градски парк. Драго ми е што сега успеавме во тоа, и мислам дека со прикажаните игри потполно го заслуживме пехарот“, изјави Димитар Мираковски.

Се вчитува...