Миранда го напушти Интер и се пресели во Кина

Искусниот бразилски интернационалец Жоао Миранда ќе го напушти калчолигашот Интер и ќе се пресели во кинескиот шампионат во дресот на Жиангсу Сунинг. Разделбата ја потврдија и „нероаѕурите“ на официјалната веб-страница, посакувајќи му многу среќа на Бразилецот во следниот чекор во кариерата.

Миранда на „Џузепе Меаца“ пристигна во 2015 година, од редовите на Атлетико Мадрид, а во четири сезони за „нероаѕурите“ запиша 121 настап, на кој постигна еден погодок.

 

Се вчитува...