Мирчевски донесе победа на ТСЦ во српското првенство

Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски доби шанса во стартниот тим на ТСЦ на денешниот дуел со Напредак (2-0) и максимално ја оправда довербата на стручниот штаб.

ТСЦ долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите, за на крајот тоа да му успее токму на Македонецот, кој во 58. минута одлично втрча по едно додавање од десната страна и од пет-шест метри ја смести топката во мрежата на Напредак.

Ова е трет гол за Мирчевски во дресот на клубот од Бачка Топола, каде пристигна зимава по одличната полусезона што ја имаше како член на Академија Пандев.

Се вчитува...